Connect with us

Фудбал

ФОТО: Вака би требало да изгледа Манчестер Јунајтед во 2020 година

Без Погба, но со Герет Бејл, Ерлинг Халанд и Бруно Фернандеш, вака би требало да изгледа Манчестер Јунајтед во вториот дел од сезоната, односно во 2020 година.

Според англиските медиуми, доколку Пол Погба замине во Реал Мадрид, како дел од зделката на „Олд Трафорд“ би пристигнал Герет Бејл.

Дополнително, како приоритетни засилувања за јануари, Манчестер Јунајтед ги означи играчот од средниот ред на Спортинг Лисабон Бруно Фернандеш, но и 19-годишниот напаѓач на Салцбург, Ерлинг Халанд кој има фантастична сезона и е најдобар стрелец во ЛШ со седум погодоци.

Колку ова ќе се исполни, останува да видиме.