Connect with us

Тајмаут

(ФОТО+ВИДЕО): Влегувањето на теренот прилично ја чинеше Кинсли Волански

Кинсли Волански минатата ноќ го одбележа финалето на Лигата на шампионите.

Девојката на популарниот јутубер Виталиј Здоровски трчаше на теренот во текот на првото полувреме, а натпреварот беше накратко прекинат.

Атрактивната русокоса со овој потег ја промовираше порно страницата на своето момче, а кога се дозна која е таа, на Instagram доби огромен број на следбеници.

Сепак, сето тоа ја чинеше на крајот. По стигнувањето до речиси три милиони следбеници, Instagram и го затвори акаунтот и мораше да се направи нов на кој нема ни блиску толкава бројка.

„Банирана сум на стариот профил. Испратете го Вашето барање и ќе го прифатам во наредните денови“, пишува Кинсли на новиот Инстаграм профил.

Губењето на голем број на следбеници сигурно ќе има одредено влијание врз договорите за спонзорство со компаниите кои рекламираат, но сигурно нема да жали.