Фудбал
ФОТО: Во Тотенхем збеснале поради тренингот на Мурињо, можни се казни
Како што веќе објавивме, Жозе Мурињо, без дозвола на клубот, со неколку фудбалери, одлучи да одржи неофицијален тренинг во парк. На тој начин ги прекрши правилата за карантин, односно самоизолација. Случајни поминувачи ги направија фотографиите, а ова предизвика бурни реакции во јавноста во Англија.
Мурињо тренираше со фудбалерите Ндомбеле, Санчез, Рајан Сесењеон, а Серж Орие тренираше со друго лице одвоено.

Проблемот не бил тренингот во парк, туку непочитувањето на мерките за групно собирање повеќе од две лица и недржење на растојание.
Се огласи и Тотенхем, од каде влеат дека тоа било без нивна дозвола и дека мора да се почитуваат мерките. Англиските медиуми пренесуваат дека е можно Мурињо да биде казнет, но можно е да се соочи и со мерки од страна на властите.