Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Жалба до ФИФА – Српскохрватскиот јазик ја разбесни хрватската делегација

Во Хрватскиот фудбалски сојуз беа разочарани по еден натпревар на Светското првенство во Русија.

Имено на паното кое се наоѓа пред салата за прес конференции за медиумите, поточно на листата јазици на четврто место стоеше дека прес конференцијата ќе биде и на „српскохрватски“ јазик.

Тоа ги разлути новинарите од Хрватска кои фотографијата од тоа пано ја споделија на друштвените мрежи.

„Како би се чувствувале Русите ако, како јазик им напишеме украинско-руски. На Украинците тоа нема да им се допадне. Колегата ја праша госпоѓата од организациониот одбор, дали би им сметало да пише на латиница украинско-руски кога ќе игра руската репрезентација. Таа му кажа дека би сметало, и дури тогаш сфатила. Се правдаше дека тоа некој им го донел, дека не знаеле и дека ФИФА го одобрила. После тоа натписот е отстранет“, кажа еден хрватски новинар.

Тешко дека ФИФА ќе одреди санкции за одговорните за овој пропуст.