ФОТОГРАФИИ ОД МЕСТОТО НА НЕСРЕЌАТА: Автомобилите целосно уништени, кошаркарот Кузмиќ во кома

Српскиот кошаркаркарски репрезентативец и играч на белградска Црвена Звезда, Огњен Кузмиќ утрово претрпе тешка сообраќајна незгода на магистралниот пат Бања Лука- Приједор.

Полициската управа во Бања Лука ја потврди веста, а кошаркарот е пренесен во болницата во овој град и според иннформациите на српските медимуи поради тешките повреди кој што ги има здобиено ќе биде префрлен во Ургентниот Центар во Белград.

Дел од медиумите пренесуваат дека Кузмиќ е во кома.

Од фотографиите може да се види дека возилото во кое бил кошаркарот е целосно уништено.

Џип „Порше“ во кое имало две лица, меѓу кои и Кузмиќ, удрил во автомобил марка „БМВ“ во 5:00 часот наутро. Автомобилот на Кузмиќ се превртело на патот.

Информацијата за несреќата ја потврди и КК Црвена Звезда на својот официјален сајт.

Кузмиќ оваа лето се врати во редовите на српскиот шампион од редовите на Реал Мадрид во пресрет на новата сезона во Евролигата.

Fotografije sa mjesta nesreće u kojoj je Kuzmić teško povrijeđen pic.twitter.com/FXqwatThsh
— Римодеч Рањшуш (@doce1996) July 14, 2019