Фудбал
Фотографија на Ракитиќ која ги налути фановите на Барселона
Во време кога нема фудбал, Иван Ракитиќ одлучи секој ден на Инстаграм да објавува фотографии од неговите омилени моменти во кариерата на зелениот терен.
Не претпоставуваше дека ќе предизвика негативни коментари од фановите на Барселона.
Имено, тој објави фотографија на која успешно го дрибла клупскиот соиграч Лионел Меси, но во репрезентативни дресови. Тоа е момент од мечот на СП во 2018-та година кога Хрватска славеше со 3:0. Поради ова доби многу негативни коментари, меѓу нив се и „Ракитиќ аут“.
Сепак, доколку се погледне неговиот Инстаграм профил таа фотографија веќе ја нема, а Ракитиќ постиралл друга фотографија од истиот меч Хрватска-Аргентина. На тој меч во 91.минута Ракитиќ постигна гол за конечни 3:0.