Connect with us

Ракомет

Франција без Никола Карабатиќ на СП

Селекторот на ракометната репрезентација на Франција, Дидие Динар, го објави списокот на играчи, на кои ќе смета за Светското првенство во Германија и Данска. Тој веднаш објави кои 20 играчи треба да се јават на првата прозивка, а меѓу нив, поради операцијата на палецот на ногата го нема Никола Карабатиќ. Отсуството на еден од најдобрите ракометари на денешницата би бил хендикеп за секоја репрезентација, но тоа не може да се каже за Франција, која има плејада на млади и искусни бекови.

Франција е особоено силна и на линијата од шест метри каде Динар ќе мора да избира меѓу: Лука Карабатиќ, Николас Турна, Лудовик Фабрегас и Седрик Сориндо. Сите играат во два правца и сите имаат по некоја специјалност во играта. На позицијата десен бек се Недим Ремили, Мелвин Ричардсон, Валентин Порт и Адриен Дипанда. Дипанда е врвен дефанзивец, Ричардсон и Порт можат лесно и како центри и како десни крила, за поддршка на Лук Абало или пак на Кентин Мае и Николас Клер…
Франција е прв фаворит за шампионскиот пехар и без Никола Карабатиќ. Неговата доминантност во тимот сега може да биде заменета со посилен колектив, а тоа е многу поопасно отколку тимот како што Никола Карабатиќ беше главен, а останатите ракометари негова поддршка.

ФРАНЦИЈА: Голмани: Сирилк Демулан, Винсет Жерард, Леви Крила : Рафаел Гаште, Мишел Гигу, Лев бек: Метју Греби, Среден бек: Кентин Мае, Николас Клер, Лев бек Роман Легард, Тимотеј Н‘Гесан, Оливе Ниокас, Десен Бек: Дика Мем, Адријан Дипанд, Надим Ремили, Десно крило – бек: Валентин Порт, Мелвин Ричардсон, Лук Абало, Пикери: Лудвиг Фабрегас, Лука Карабатиќ, Седрик Сорендо и НИколас Турнат.