Ракомет
Франција го освои првото европско злато
Женската ракометна репрезентација на Франција првпат стана европски првак, откако по три бронзи, конечно се искачи на врвот на континенталниот собир. Во финалето во Париз, домашната селекција ја совлада Русија со 24:21.
Најефикасни ракометарки во францускиот табор беа Лакрабер со шест и Н‘зе Минко со четири гола, а кај Русија се истакна Виахирева со шест гола. Одличен натпревар запиша и Лејно, која во клучните моменти со серија на одбрани, даде сигурност на тимот.
Следното Европско првенство по две години ќе го организираат Норвешка и Данска.
Најкорисен играч на првенството е Ана Вјахирева. Таа ја предводеше „зборнаја“ до големото финале, пред два дена постигна 13 гола во полуфиналето.
Во идеалниот тим место имаше и за: Голман: Амандин Лејно (Франција), Лево крило: Мајда Мехмедовиќ (Црна Гора), Лев бек: Ноеми Хафра (Унгарија), Среден бек: Стине Офтедал (Норвешка), Десен бек: Алисија Штоле (Германија), Десно крило: Кармен Мартин (Шпанија), Кружен напаѓач: Елена Пинтеа (Романија), Дефанзивец: Кели Дулфер (Холандија)