Connect with us

Ракомет

Франција ќе мора без Карабатиќ на Европското првенство

Ракометната репрезентација на Франција е во сериозни проблеми во пресрет на претстојното ЕП во Унгарија и Словачка.

По немилиот настан со Елохим Пранди, Жил остана без услугите на Лука Карабатиќ за континенталниот собир. Tој на почетокот на декември имаше повреда на мускулот и според прогнозите требаше да спремен за ЕП, но нема да биде така.

Франција во првата фаза од ЕП, кое почнува на 13 јануари, е во група со Србија, Хрватска и со Украина, а пласман понатаму ќе обезбедат само двете најдобри селекции. На овој собир на најдобрите во Европа ќе настапи и Македонија, која е во група со Данска, Словенија и со Црна Гора.