Connect with us

SPORTM.mk

Французите го поврзуваат Миралем Пјаниќ со два клуба

Миралем Пјаниќ е на списокот играчи кои Барселона има намера да ги продаде во летниот преоден рок.

Играчот од средниот ред минатиот викенд доби шанса да игра од Роналдо Куман по скоро три месеци, а шпанските медиуми пишуваат дека 31-годишникот е на списокот на играчи кои клубот сака да ги продаде.

Иако Пјаниќ претходно изјави дека има намера да остане во Барселона, понудите што доаѓаат од други клубови се многу примамливи и нема да биде чудо ако репрезентативецот на БиХ го напушти „Камп Ноу“.

Француските медиуми јавуваат дека ПСЖ и Челси засега покажуваат најголем интерес за Пјаниќ. Интересот на двата тима е многу сериозен и тие ќе се обидат да го внесат во своите редови во текот на летото.

Челси веќе некое време се поврзува со Пјаниќ. Наводно Томас Тухел го посакува во неговиот тим и ќе видиме дали Миралем навистина ќе игра на Стемфорд Бриџ.

ПСЖ се појави пред неколку сезони како опција за Пјаниќ. Сепак, тој во тоа време остана во Јувентус, иако понудата од Париз беше навистина примамлива.

Пред неколку дена, каталонските медиуми објавија дека Јувентус е заинтересиран и за услугите на Пјаниќ и дека тие го нудат Родриго Бентанкур за неговите услуги.

Тој се поврза и со Манчестер Сити и Интер, па ова лето ќе биде многу возбудливо за Пјаниќ кога станува збор за трансферите.

Пјаниќ оваа сезона играше многу малку со Роналд Куман. Тој настапи само 29 пати, најмногу влегуваше од клупата и мина 1269 минути на теренот.