Фудбал
Тежок пораз за македонските репрезентативци од Австрија
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денеска заработи тежок пораз од селекцијата на Австрија.
Нашите надежи беа поразени со 4-0 од гостите од Австрија, а стрелци на головите беа Арнел Јакуповиќ (два), Матијас Хонсак и Конрад Лаимер.
Со овој пораз, македонската репрезентација речиси и да нема шанси за пласман на Европското првенство 2019 во Италија.
Табела 7-група: Србија 15 бода (5 натпревари), Русија 10 (5), Австрија 9 (5), Ерменија 7 (7), Гибралтар 3 (6), Македонија 3 (4).