Connect with us

Фудбал

Фудбалер на Челзи го тужи менаџерот поради Реал Мадрид

Францускиот интернационалец Нголо Канте го тужи својот поранешен агент поради обид за измама и кршење на довербата.

Како што пишува „Л’Екип“ Канте го ангажирал Хуари Хјари во 2016 година, а една година подоцна, фудбалерот одлучил да ја прекине соработката и се согласил да му исплати 150  илјади евра.

Канте тврди дека неговиот поранешен соработник ги сочувал копиите од нивниот договор, по што му барал уште пари.

Исто така Канте тврди дека агентот го интересирало само финансискиот дел и се обидел да влијае врз развојот на неговата кариера односно да се пресели во Реал Мадрид.

-Бев премногу љубезен. Сакав да верувам во него и неговата искреност. Но, го интересираше само финансискиот аспект, вели Канте за „Л’Екип“.