Connect with us

Фудбал

Фудбалер на Челзи јануарска желба на Антонио Конте

Интер е лидер во Серие А, со два бода предност во однос на Јувентус. Сепак, на последниот меч, во ремито против Рома, се виде дека фудбалерите на Антонио Конте се истрошени. Речиси истиот состав, со една или две измени, игра од почетокот на сезоната во Серие А и во Лигата на шампионите.

Конте побара, а раководството дозволи да се ангажираат засилувања во јануари кои би обезбедиле поголема ротација во составот.

Според најновите информации фудбалерот на Челзи Маркос Алонсо е желба на Антонио Конте. Италијанецот е поранешен тренер на лондонските „сини“ и добро го знае неговиот квалитет.

Како други засилувања се спомнуваат Де Паул од Удинезе и Дејан Кулушевски од Парма, кој за овој тим настапува како позајмен, но е во сопственост на Аталанта.