Фудбалер на Далас претрпе една од најстравичните повреди во историјата на спортот (ВИДЕО) – SPORTM.mk
Connect with us

Тајмаут

Фудбалер на Далас претрпе една од најстравичните повреди во историјата на спортот (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Сиетл сихокс и Далас каубојс (22-24) од плејофот во НФЛ-лигата во американски фудбал остана во втор план на тешката повреда на Ален Хурнс од таборот на „каубојците“.

Тој настрада во седмата минута од натпреварот, во обид да ја пробие одбраната на противникот. Во еден момент загуби рамнотежа и незгодно падна, по што еден од играчите на Сиетл му падна директно на глуждот кој целосно се преврте. Ваква повреда досега не е видена во НФЛ, а сигурно е дека ќе остави сериозно последици за несреќниот Хурнс.

Дуелот веднаш беше прекинат, а паузата траеше речиси 20 минути. Буквално сите играчи на теренот дојдоа да го поздрават, а тренерот Џејсон Герет цело време го држеше за рака. Многу од фудбалерите се држеа за глава не можејќи да поверуваат што се случува, а повредениот постојано запомагаше од голема болка.

Средбата беше пренесувана на ФОКС телевизијата, чии челници решија снимката од повредата повеќе никогаш да не ја емитуваат бидејќи е премногу вознемирувачка.

ИЗВОР: SPORT1.MK

Advertisement
Advertisement

More in Тајмаут

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com