Connect with us

Фудбал

Фудбалер на Динамо се онесвест на терен, па тренерот даде бизарна изјава

Фудбалерот на хрватскиот шампион, Лирим Кастрати по крајот на мечот падна сам од себе на теренот. Веднаш во помош притрча лекарскиот тим кој му помогна да стане, по што беше изнесен од теренот.

За среќа веднаш истрчале клупските доктори и успеале да го подигнат паднатиот Кастрати. За среќа тој немал никакви последици, а сето ова се случило поради заморот и топлото време.

Хрватските медиуми пренесуваат дека со напаѓачот од Косово се е во ред и тоа се случи поради големиот напор кој што го има изминатиот период и големите температури па почувствувал слабост која била клучна за неговото рушење.