Фудбал
Фудбалер на ПСЖ сакал да се откаже од фудбалот по поразот од 6:1 од Барселона
Фудбалскиот клуб Барселона постои 120 години, многумина нема да ја паметат по добро. Еден од нив е Блез Матуиди, кој сега игра за Јувентус, а кој пред две години сакал да се откаже од фудбалот.
Во интервју за РМЦ Спорт изјави дека по поразод од ПСЖ во престолницата на Каталонија, пред две години, сакал да се повлече. Францускиот шампион на домашен терен славеше со 4:0, а потоа загуби на реваншот со 6:1 иако сите очекуваа пласман на ПСЖ во следната рунда.
Дури и самите фудбалери на францускиот првак мислеле дека е доволно.
– Во соблекувалната на „Камп Ноу“ по мечот си реков себе си дека навистина не сакам повеќе да играм фудбал. Тој момент беше тежок, си велев дека не е можно да продолжам. Толку ми беше срам од тоа што се случи. Се срамев од самиот себе си, изјави Матуиди.