Connect with us

Фудбал

Фудбалерите на Баерн од медиумите дознаа дека младиот тренер добил отказ

Фудбалер на Баерн, Бенјамин Павар денеска изјави дека фудбалерите на минхенскиот клуб од медиумите дознале дека раководството на германскиот шампион го сменило тренерот Јулијан Нагелсман, пренесува „Билд“.

Челниците на клубот пред десетина дена го сменија 35-годишниот стручњак поради лошите игри во Бундес лигата, а на негово место беше поставен Томас Тухел.

Баерн се врати на првото место во Бундеслигата, откако синоќа во дербито од 26. коло во Минхен ја совлада Борусија Дортмунд со резултат 4:2. На овој натпревар Тухел дебитираше на клупата на клубот од Минхен.