Фудбал
Фудбалот стана голем бизнис, ова се фудбалските менаџери кои заработуваат најмногу
Угледниот економски магазин „Форбс“ пред неколку дена објави листа на спортски агенти, или менаџери кои заработиле најмногу. Ако сте мислеле дека се тоа „големите риби“ Жорж Мендеш или Мино Рајола, тогаш сте се излажале.
Годинава на првото место според заработката е Џонатан Барнет, кој веќе дваесетина години е сопственик на менаџерската компанија „Stellar Football Ltd “. Според „Форбс“ неговата компанија учествувала во договарање на активни договори и трансфери во висина од 1,3 милијарди долари, а процентот кој што им припаднал на нив изнесува 128 милиони долари.

На второто место е Жорж Мендеш чија менаџерска компанија заработила 118 милиони евра, а сумата која била дел од нивните преговори и потпишани договори изнесува 1,2 милијарди долари.
На третата позиција е Мино Рајола со заработка од 70,3 милиони.