Connect with us

Тајмаут

Фудбалско дружење, награди и забава во градски парк

Фудбалско дружење, награди и забава за сите љубители на спортот в сабота пред „Фонтана“ во Градски парк Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) заедно со своите партнери и спортски пријатели на 5. октомври (сабота) од 11:00 часот пред фонтана во Градски парк организира спортско – забавен ден за сите љубители на спортот и фудбалот.

На саботното заедничко дружење ќе бидат организирани низа активности и наградни предизвици поддржани од партнерите на ФФМ, Горска и Сава осигурување. Заедно со нив и со претставници одфедерацијата, секои посетител ќе може да си ја проба среќата на„Тркалото на среќата“, потоа да освои вредни награди во „Трката совода“, да шутира пенали или да се натпреварува во жонглирање.

Овој настан на Фудбалската федерација на Македонија е поттик за сите поддржувачи на македонската репрезентација да бидат поддршка на претстојниот натпревар на Македонија против Словенија кој се игра в четврток, 10. октомври на Националната арена „Тодор Проески“.