Connect with us

Фудбал

Галатасарај и официјално го објави трансферот на Икарди

Галатасарај и официјално го објави трајниот трансфер на Мауро Икарди од Пари Сен Жермен . Аргентинецот веќе потпиша за три сезони со Турците.

Икарди пристигнува за сума од 10 милиони евра, кои ќе бидат исплатени на рати распоредени на 4 сезони, прецизираше и Галатасарај . На грбот ќе го носи дресот со број 9.

30-годишниот аргентински напаѓач имаше одлични настапи за гигантот од Истанбул, каде минатата сезона играше како крилен напаѓач, постигнувајќи 23 гола и 8 асистенции на 26 натпревари.

Турскиот шампион, кој е можен противник на Лудогорец во третото коло од Лигата на шампионите, продолжува со сериозната селекција, откако веќе ги привлече Вилфред Заха , Анџелињо и  Седрик Бакамбу .