Connect with us

Ракомет

ГАЛЕРИЈА: Базен, спа, спортска сала – ѕирнете во луксузниот „Мартин“ каде што се сместени нашите ракометари

Климатизирани соби со Wi-Fi, спа центар, спортска сала, фитнес центар, базен, се само дел од услугите кои ги нуди луксузниот комплекс „Свети Мартин“ во кој се сместени нашите ракометари.

Тие во комплексот се чекираа денеска, откако го напуштија Загреб. Попладево во спортската сала во луксузниот хотел одржаа тренинг, на кој се подготвуваат за првиот противник од 2. коло. Како што најавија од репрезентацијата, утрешниот тренинг ќе се одржи во друга спортска сала, која е на неколку километри оддалечена од хотелот во кој се сместени.

Според информациите на booking.com, сместување за едно лице во овој хотел чини околу 7.000 денари со вклучен појадок.

Комплексот во кој се сместени нашите ракометари е еден од најдобрите и најопремени во регионот.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Ракомет

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com