Тајмаут
ГАЛЕРИЈА: Шампионскиот пехар во Аџибадем Систина
Пациентите во Аџибадем Систина денеска имаа екслузивна можност да се фотографиираат со шампионскиот пехар, кој РК „Вардар“ го освои со победата во ЕХФ Лигата на шампиони.
Еуфорија, огромна радост и многу насмевки на нивните лица. Најрадосни беа најмалите пациенти, но ниту возрасните не можеа да ја сокријат возбудата.
Аџибадем Систина шест години е поддршка на РК Вардар.
