Connect with us

Ракомет

Гарабаја не е повеќе тренер на Еурофарм Пелистер, Шундовски како привремено решение

По оставката на досегашниот тренер на РК Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја, до крајот на полусезоната екипата ќе ја води директорот на клубот, Звонко Шундовски.

Пред клучните натпревари од сезоната 2025/2026, Звонко повторно  ја презема одговорноста за тимот, како и многупати досега кога било најпотребно, сè до назначувањето на нов тренер.

Во образложението на оставката Гараваја вели:

-Сакам да потенцирам дека по натпреварот со Алкалоид не почувствував поддршка од амбиентот. Очекував реакција во Загреб, но со оглед на тоа што таа реакција не дојде, се одлучив да ја понудам мојата оставка. Сметам дека мое заминување во овој момент ќе предизвика позитивна реакција кај тимот и ракометарите. Сакам да им се заблагодарам на сите ракометари, со кои имам одличен однос, и да им посакам успех во продолжение на сезоната. Голема благодарност до клубот за ова мое искуство и многу среќа во иднина.