Connect with us

Фудбал

Гасете ја лигата, скандалозно е ова, бурни реакции поради голот (ВИДЕО)

По 22. коло од Првата лига на Црна Гора дојде до промена на врвот на табелата. Дечиќ ја презеде лидерската позиција од Будуќност, но црногорската јавност се сомнева во местењето на нивниот меч против Младост од Доња Горица.

Будуќност на домашен терен во Подгорица беше поразена од Језера од Плав со 1:0, а Дечиќ на гости го победи Младост од Доња Горица со 3:0 и го зазеде првото место на табелата.

Сепак, нивниот дуел во Подгорица предизвика бројни контроверзи бидејќи речиси сите Црногорци сметаат дека натпреварот е наместен, а како доказ за тоа го наведуваат првиот гол на натпреварот, постигнат во третата минута од судиското надополнување на првото полувреме.

Во шеснаесетникот се најде напаѓачот на Дечиќ, Бојан Матиќ, а до него беше локалниот дефанзивец Звонко Чеклиќ.

Во моментот кога Матиќ се подготвуваше да шутира, Чеклиќ не се обиде да го одбрани неговиот удар, туку и скокна  за да не го погоди топката, а Матиќ го постигна еден од најлесните голови во кариерата.