Connect with us

Тајмаут

Гатусо го избра идеалниот соиграч: „Каков Меси, каков Роналдо…“

Тренерот на Милан Џенаро Гатусо даваше интервју за официјалната страна на Уефа во кое, помеѓу другото, зборуваше и за тоа кој би му бил идеален соиграч.

Многу фудбалери денеска сакаат да ја делат соблекувалната со Лионел Меси или Кристијано Роналдо, Гатусо даде одговор  во свој стил и сите ги изненади. Го избра Лука Модриќ.

„Со кого од сегашните фудбалери би сакал да играм? Ги има многу. Сите велат дека сакаат да играат со Кристијано Роналдо или Лионел Меси, но не и јас. Јас би сакал да играм со Модриќ“, кажа Гатусо, па додаде:

„Одличен играч е, има цврст карактер, фудбалер од глава го пети!“.