Фудбал
Гатузо: Може да се вратам во Милан, но ако си оди Малдини
Дел од италијанските медиуми објавија дека Џенаро Гатузо наводно изразил желба да се врати на кормилото на Милан, но сепак поставил еден услов.
Според „Кориере дело Спорт“ се работи за техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини. Според весникот, Гатузо се согласи да се врати во клубот, но само доколку Малдини ја напушти функцијата.
Гатузо ги предводеше „росонерите“ од ноември 2017 до мај 2019 година, по што поднесе оставка. Сепак, Џампаоло денес изјави дека нема намера да си даде оставка и покрај трагичните резултати на тимот.