Connect with us

Фудбал

Гатузо со „корпа“ за Сампдорија

Џенаро Гатузо ја одби понудата на Сампдорија пренесува „Тутоспорт“. Поранешниот тренер на Милан е без ангажман уште од летото кога се раздели со „росонерите“.

Сепак, 41-годишниот Гатузо не бил воодушевен од предлогот на Самп. Тој не се ангажирал да го преземе тимот, затоа што не е сигурен во неговата иднина и не ја сака ситуацијата, во која клубот се наоѓа.

Со слични аргументи, Гатузо го отфрли предлогот на Џенова.