Connect with us

Ракомет

Генсхајмер: Македонија, Црна Гора и Словенија ќе имаат поддршка од публиката, тоа не е добро за нас

Германија е во група со нашата репрезентација, Црна Гора и Словенија, па се очекува тие да имаат најмала поддршка од гледалиштето.

„Македонија, Црна Гора и Словенија ќе ја имаат поддршката од публиката, тоа нема да биде лесно за нас. Но ние сме фаворити и нашата цел е да играме најмалку во полуфиналето“, вели Генсхајмер.

Македонија против Германија игра на 17. јануари во последниот натпревар од првата групна фаза. Германците се фаворити во нашата група.