Connect with us

Ракомет

Генсхајмер се враќа во Рајн Некар Левен

Германскиот ракометен репрезентативец Уве Генсхајмер ќе се врати назад во редовите на Рајн-Некар Левен по неколкуте сезони минати во дресот на ПСЖ, а францускиот првак замената за Германецот ја договори токму од таборот на „лавовите“.

Станува збор за исландскиот ветеран Гудјон Валур Сигурдсон, кој веќе ги договори условите за преселбата во „градот на светлината“.

Фактот дека исландското лево крило на стартот од наредната сезона ќе има 40 години воопшто не ги загрижува челниците на ПСЖ, кои се убедени дека во ситуација кога не успеаја да договорат продолжување на соработката со Генсхајмер, тогаш Сигурдсон е вистинскиот избор за нивниот клуб. Впрочем, ПСЖ веќе има покажано дека квалитетот секогаш го зема во предвид пред возраста, со оглед на фактот дека Тиери Омејер брани успешно за „светците“ и на 42-годишна возраст.

За Генсхајмер во изминатиот период се интересираа уште неколку клубови, но тој ја прифати понудата на „лавовите“ и во наредната сезона ќе настапува за тимот чиј дел е и македонскиот репрезентативец Филип Талески.