Connect with us

Ракомет

Георгиевски во пресрет на стартот на ЕП: Возбудени сме, но знаеме што и како треба!

Гоце Георгиевски со изјава во пресрет на стартот на ЕП, кое почнува на 13-ти јануари. Македонија е во група со Данска, Словенија и Црна Гора, а првиот меч го играме на 13-ти јануари против Словенија.

-Нормално е пред секое големо натпреварување да има возбуда, поголем број од нас репрезентативците имаме искуство со настапите на Европските првенства, знаеме што носи и што бара едно вакво големо натпреварување. Јас сум оптимист, можам да кажам дека доста добро се работи на тренинзите. Сите играчи сосема добро ги одбработуваат задачите што им се дадени. Имаме добра атмосфера и ако успееме тоа од тренинзите да го пренесеме на натпреварите ќе бидеме на добар пат да се надеваме на добар резултат, вели Георгиевски, кој притоа додава:

-Имаме доста познати противници, многу пати сме ги одмерувале силите, дали на квалификациски или натпревари од големите турнири. На Европското првенство нема слаби противници тоа добро го знаеме.

За првиот меч на Македонија, Георгиевски вели дека е дуел на кој Словенија е фаворит и притисокот ќе биде на нивна страна.

-Треба да влеземе во натпреварот ослободени  од резултатот, а од друга страна да имаме максимален фокус, да ги исполниме задачите кои ќе ни бидат дадени и се надевам на позитивен резултат, вели Георгиевски, кој со свое мислење и за останатите два противници:

-Црна гора е екипа што навистина има квалитетни играчи. Се работи за доста борбена репрезентација и секогаш можам да кажам дека играат и повеќе од своите можности, даваат се’ од себе. Добро се познаваме и ќе биде интересен натпревар од причина што и тие и ние знаеме дека најголемата шанса за бодови е овој натпревар.

За Данска не треба да се трошат зборови сите знаеме за каква репрезентација се работи. Можеме да зборуваме за нив само во суперлативи. Против една ваква репрезентација треба да одиграш во текот на целиот натпревар, да кажам, безгрешно за да се надеваш на добар резултат. Ние тоа го демонстриравме во Скопје во квалификациите и покажавме дека не се непобедливи. Јасно е дека ти е се фаворити не само во оваа група туку и на првенството, порачува Георгиевски.

Реклама

Facebook

Реклама