Тајмаут
Георгина била навредувана поради изгледот, а таа нашла начин да возврати
Девојката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, во последните денови беше подложена на тешки навреди.
Семејството на португалската ѕвезда изминатиот период го помина на одмор, а Џорџина беше главна тема на социјалните мрежи.
Таа доби многу критики за нејзиниот физички изглед. Ја навредувале и ја нарекувале со погрдни имиња, алудирајќи дека не внимава и дека има доста вишок.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
На сите навреди кои ги добила Георгина одговорила со текст од магазинот ‘Glamour’. Таму новинарката пишува низ што поминал Џио во претходниот период, а тоа го сподели на социјалните мрежи.
„Не земајќи го во предвид нејзиниот некогаш меланхоличен изглед, ниту фактот дека помина низ период на жалост, единственото нешто што им беше важно на сите беше нејзиниот физички изглед. Жената помина низ радикален процес на трансформација, беше емотивно уништена бидејќи изгуби дете.Најмалку внимание треба да се обратите на нејзиното лице и тело“, стои во објавениот текст.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Да потсетиме, Кристијано и Георгина очекуваа близнаци, а при породувањето во април едно од бебињата почина.
Семејството беше уништено од загубата на бебето и ова беше првиот одмор на кој можеа дури и да побегнат од сето тоа.