Connect with us

Фудбал

Гереиро го замени Дортмунд за Мадрид

Рафаел Гереиро е на крајот од договорот со Борусија Дортмунд, а за него силен интерес има од Атлетико од Мадрид.

Рафаел Гереиро на 1 јули ќе биде слободен агент и е една од најпосакуваните мети на пазарот. Тренерот на Лос Колчонерос, Диего Симеонего, го гледа како идеален играч за играње на левата страна од одбраната со пет играчи и фактот дека тој може да биде потпишан како слободен агент е голем бонус.

Минатата сезона Атлетико го ангажираше Аксел Витсел бесплатно, исто така откако му истече договорот со Борусија Дортмунд. Рафаел Гереиро е на Сигнал Идуна Парк од 2016 година и има 222 настапи за Дортмунд, постигнувајќи 39 гола и 50 асистенции.