Ракомет
Германија ја изненади Норешка
Ракометарките на Германија го направија најголемото изненадување на Европското првенство во Франција, откако по голема борба успеаја да ја совладаат Норвешка со 33:32.
Супер интересна беше завршницата на натпреварот, која кулминираше во последната минута. Прво Емили Болк на 23 секунди до крајот погоди за водство од 33:32, а потоа голманката на Германија, Изабела Роx спектакуларно го одбрани ударот на Солберг и го трасира патот на својата репрезентација кон голема победа.
Гросман со пет гола беше најефикасна во репрезентацијата на Германија, а Офтендал со седум погодоци беше прв стрелец кај Норвешка.
Во вториот натпревар од групата Ц, Холандија ја победи Унгарија со 28:25.