Connect with us

Фудбал

Германски Бохум купи македонски репрезентативец!

Германскиот тим Бохум и официјално соопшти дека го ангажирале македонскиот репрезентативец Агон Елези. Деталите не се познати, но јасно е дека неговиот досегашен клуб Вараждин од Хрватска направи добар потег со неговата продажба, бидејќи во јуни му истекуваше договорот, а тој според хрватските медиуми одбиваше да ја продолжи соработката. Веројатно во наредните денови ќе се дознаат сите детали. Агон Елези игра во средниот ред, има 22 години, пред Вараждин играше за Шкупи и Влазерими, како и Скендербег од Албанија.

Да потсетиме, Агон пристигна во Вараждин во средината на септември 2020 година и оттогаш, според Трансфермаркт, одигра 68 натпревари во дресот на Вараждин со осум гола и една асистенција, а со клубот избори влез во елитното друштво на Хрватска.  Успеа да забележи девет настапи во дресот на македонскиот тим.