SPORTM.mk
Германците спремни за Мексико, но јавноста повторно зачудена поради одлуката на Јоаким Лев
Германците се фаворити за освојување на Мундијалот во Русија, а во првиот натпревар ќе ги одмерат силите со Мексико. Во истата група се и Шведска и Јужна Кореа.
Припремите на Германците за СП не беа баш најдобри. Беа поразени од Бразил и Австрија, а со доста маки ја победиа Саудиска Арабија. Имаше неколку работи кои го нарушуваа мирот во соблекувалната на оваа селекција, а тоа посебно се однесува на средбата на репрезентативците со турско потекло, Месут Озил и Илкај Гундоган со турскиот претседател.
Свој удел во влошување на атмосферата има и селекторот Јоаким Лев, кој на изненадување на многумина, од списокот на патници за Русија го „пречкрта“ Лерој Сане кој зад себе имаше одлична сезона во Манчестер Сити.
Германските медиуми во пресрет на натпреварот истакнаа дека ниту Озил, ниту Гундоган нема да бидат дел од стартниот состав против Мексико.
Сепак, најголемо изненадување ќе биде доколку Озил воопшто не заигра, со оглед на тоа дека секогаш беше еден од главните играчи во играта на Јоаким Лев.
#GER vs #MEX | Possible lineups [Bild] #WorldCup pic.twitter.com/vJyibVJcEE
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) June 16, 2018