Кошарка
Ги соблековте гаќите, ќе ви ја испијам крвта (Видео)

Поранешниот тренер на Карпош соколи, Драган Николиќ, ги загуби нервите од играта на својот тим Игокеа во финишот од мечот со Будуќност. Тој побара тајмаут, а потоа го истури бесот врз кошаркарите за очајното издание во второто полувреме, кое Игокеа го загуби со вкупни 53:24.
- Мртви сте, ќе бидете мртви и по два дена. Крвта ќе ви ја испијам поради оваа зафрканција која ми ја приредивте. Ги соблековте гаќите. Кои ви се овие шутеви, бараше одговор Николиќ на лошото издание на своите избраници.