Connect with us

Фудбал

Гигантот од Сан Сиро во сериозни проблеми

Леонардо Бонучи минатото лето одлучи да го напушти Јувентус и да потпише за Милан, каде што неколку дена подоцна ја доби и капитенската лента.

Секако, Бонучи очекуваше многу повеќе во својата прва сезона во Сан Сиро и враќањето на „Росонерите“ во Лигата на шампионите, но на крајот тоа не се случи. Во неколку прилики овој дефанзивец изјави дека не е задоволен како се работи во Милано, но дека е сигурен дека тоа наскоро ќе се промени.

Милан е во огромни проблеми со кинеските сопственици кои би можеле да го напуштат клубот во следните неколку недели, иако тие пристигнаа минатата година на Сан Сиро. „Росонерите“ потрошија многу пари минатото лето, и се чини дека сега ќе бидат казнети за тоа.

Имено, Милан е во огромни проблеми со финансискиот фер плеј, а УЕФА им се заканува дури и со исфрлување од европските натпреварувања. Ако тоа се случи, Бонучи се закани дека ќе го напушти клубот, што е најлошото сценарио за „Росонерите“.

Милан ќе биде принуден да продаде некои од најдобрите играчи доколку УЕФА ги казни, а Бонучи се чини дека е првиот кандидат за тоа. Веќе се шпекулираше дека овој дефанзивец може да оди во Кина, од каде што има неколку понуди со месеци.