Connect with us

Други спортови

На втората трка Иџе дојде до подиум

Македонскиот претставник Игор Стефановски Иџе на денешната трка на патеката „Имола“ дојде до подиум на втората трка од ТЦР шампионатот во Италија.

Игор Стефановски успеа да дојде до она што не му успеа вчера, откако излета на првата трка. До третото место, Иџе дојде на осум минути пред крајот и вешто го бранеше од нападите од италијанските колеги.