Connect with us

Тајмаут

Гнабри е хит на друштвените мрежи: „Вегетаријанец сум, но понекогаш јадам и месо“

Серж Гнабри зад себе има навистина добра пва сезона во дресот на Баерн Минхем.

Гнабри во Баерн дојде минатото лето од Ходенхајм и одигра 42 натпревари во сите натпреварувања. Овој 23-годишен офанзивец постигна 13 голови и ги оправда очекувањата кои ги имаа од него челниците на клубот.

Овој германски играч овие дена стана хит на друштвените мрежи, но овој пат фудбалот не беше причина за тоа. Имено тој за германските медиуми зборуваше за тоа дека е вегетаријанец веќе пола година, но направи голем гаф.

Гнабри со гордост раскажува за тоа дека од јануари одлучи да стане вегетаријанец, но сите останаа во шок кога додаде дека понекогаш јаде месо.

„Вегетаријанец сум уште до јануари и горд сум на тоа. Меѓутоа, има периоди кога понекогаш јадам месо и некои слични рабти“, рече Гнабри за „Bild“.

Неговата изјава веднаш стана главна, а многумина испраќаа пораки на инстаграм и објаснуваа дека не е вегетаријанец доколку јаде месо. Но, очигледно дека се уште нема баш најдобро разбрано.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Тајмаут

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com