Фудбал
Го бакнав Ибра во уста, а тој ме нападна со боксови
Златан Ибрахимовиќ и Енди ван дер Мејде беа тимски колеги во Ајакс од 2001 до 2004 година. Фудбалските медиуми беа убедени дека двајцата ќе имаат фантастична кариера, но Ван дер Мејде никогаш не ги оправда таквите очекувања. Од Ајакс се пресели во редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, но и таму не се снајде. Исто му се случи и во дресот на Евертон и на ПСВ, а поради непрофесионалниот однос кон фудбалската игра никогаш не го реализира целиот потенцијал.
Тие беа заедно во Ајакс и за многумина беа големи талети, но немале најдобри односи, па тоа го открива и што се случувало во соблекувалната.
Во емисијата ВТБЛ, тој сега раскажа интересна анегдоата со Златан Ибрахимовиќ од времето во Ајакс.
„Кога бевме во Ајакс, јас постојано седев до Златан во автобусот. Еднаш, кога тој беше заспан, добив хомосексуален нагон и го бакнав во уста. Веднаш добив неколку шлаканици“ – вели Холанѓанецот со насмевка на лицето.