Connect with us

Фудбал

Го купуваш Роналдо и ја полниш касата, брендот на Јувентус расте

Јувентус продаде над милион дресови и бележи значителен пораст на нивното присуство на социјалните медиуми по доаѓањето на Кристијано Роналдо.

Португалската ѕезда им се придружи на „Бјанконерите“ во летото 2018 година и од тогаш, Јуве бележи пораст на велокупната заработка, преку продажбата на дресови и медиумските права.

Според „Gazzetta dello Sport“, во финансиската година 2018-2019 година, откако Роналдо се приклучил, Јувентус продал над милион дресови, бројка која го рангира Јувентус на десетото место на клубови во светот по бројот на продадени дресови.

Благодарение на Португалецот, приходите од продажбата на дресови се зголемиле од 27,7 милиони евра во 2018, на 44,02 милиони во 2019 година.

Клубови со најмногу продадени дресови за една година:

  1. Манчестер Јунајтед (Англија), 4.950.000

2. Ливерпул (Англија) 3.943.000

3. Баерн Минхен (Германија) 3.475.000

4. Реал Мадрид (Шпанија) 2.920.000

5. Барселона (Шпанија) 2.755.000

6. Челзи (Англија) 1.911.000

7. Б. Дортмунд (Германија) 1.698.000

8. ПСЖ (Франција) 1. 522.000

9. Манчестер Сити (Англија) 1.476.000

10. Јувентус (Италија) 1.315.000