Connect with us

Фудбал

Го молеле судијата да го прекине мечот на полувремето: Дали некогаш сте виделе победа од 40 голови разлика во фудбалот?

Фудбалски натпревар во Шпанија помеѓу јуниорските екипи на УД Хихон Индустриал и Клуб Марино де Луанка предизвика бројни реакции во таа земја. Имено, пионерите на Хихон Индустриал славеа со неверојатни 41:1! За овој меч пишуваше и угледната Марка, а во текстот се наведува дека Хихон играл „под кочници“, а ниту играчите ниту нивниот тренер не уживале во натпреварот. Фудбалерите на Хихон во некои моменти одбиваа да минат низ центарот.

Инаку, играта во помладите категории трае 80 минути, а по првото полувреме резултатот беше 17:0. Како што пренесува Marca, тренерите на тимот побарале од судијата да ја прекине играта на полувремето.

„Не може, треба да се игра 80 минути“, беше кусиот одговор на судијата.

По само неколку минути во вториот дел, фудбалерите на Хихон постигнаа дури осум гола, кога капитенот на тимот побара од судијата да ја прекине играта, но и тоа беше залудно. Она што е интересно е дека резултатот во Фудбалскиот сојуз на Астурија, под чија надлежност е лигата во која настапуваат Хихон Индустриал и Клуб Марино де Луанко, официјално е регистриран како 6:1. Имено, максималната победа која официјално е забележана е пет гола разлика. Така, клубот Марино де Луанко официјално прими 100 гола на 19 натпревари оваа сезона, но фактичката состојба е дека примија 366. Марино де Луанко потекнува од мал град со само 5.000 жители, а разочаран бил и нивниот тренер.

„Се обидуваме да ги охрабриме децата колку што можеме, но губиме недела по недела. Тоа е деморализирачко. Сепак, тие продолжуваат да доаѓаат на тренинзи со ентузијазам, но чувствуваат дека што и да прават, резултатите ќе останат исти. “, рече тренерот.екипи од Луанац.