Connect with us

Ракомет

Го напушти двократниот европски шампион и пристигна во Загреб

Интересен трансфер ни доаѓа од регионалниот ракомет.

 

По девет години Тимур Дибиров го напушти скопски Вардар и потпиша за ППД ЗЗагреб.

Оваа информација ја потврди и повеќекратниот шампион на Хрватска.

 

За Дибиров ова ќе биде трет клуб во кариерата по Чеховски Медвед и Вардар.

 

Тој е вистинска легенда на европскиот ракомет, а со Вардар двапати беше клупски шампион на Европа и член на неверојатна генерација ракометни великани од Скопје.

 

Дибиров е роден 1983 година, а во Вардар помина девет сезони.

 

Неодамна стана ракометар со повеќе од 1.000 голови во Лигата на шампионите на ЕХФ.