Connect with us

Тајмаут

Го „уништија“ Меси, социјалните мрежи горат по шокантниот пораз на Аргентина од Саудиска Арабија (ФОТО+ВИДЕО)

Шокантниот пораз од Аргентина на стартот на Мундијалот го запали интернетот. По пресвртот Саудиска Арабија ги совлада „гаучосите“ со резултат 2:1, па Меси и неговиот тим брзо станаа предмет на потсмев на социјалните мрежи. Меси отиде во Катар да го собере трофејот, а тој се сопна на првото скалило, па твитерџиите неочекувано добија топ тема за мајтап. Социјалните мрежи беа преплавени со урнебесни фотомонтажи и клипови во кои главна ѕвезда е капетанот на „гаучосите“.