Други спортови
Годините се само бројка, има речиси 52 години, но и натаму скока на скокалниците и освојува бодови! (ВИДЕО)

Легендарниот Нориаки Касаи продолжи да ги поместува границите на човечката издржливост и успеа да освои бод во Светскиот куп во ски скокови во шестата деценија од својот живот. Касаи веќе вчера испиша историја кога на 52 години се пласираше во главното натпреварување на Светскиот куп на скокалницата во Сапоро, а денеска направи нова сензација и се пласираше во втората рунда скокови.
Legendary! The jump that earned 51-year-old Noriaki Kasai 🇯🇵 a World Cup point 💪 He is the first-ever athlete to score at least one point after the age of 50 🖌️📖#fisskijumping #skijumping #skijumpingfamily pic.twitter.com/ABNFUt1O3a
— FIS Ski Jumping (@FISskijumping) February 17, 2024
Нориаки првата серија скокови ја заврши на 28. место, но не успеа во втората серија, со што натпреварот заврши на 30. место. Но, Касаи може да биде пресреќен бидејќи со 51 година, 8 месеци и 11 дена освои бод на Светското првенство и постави рекорд кој ретко кој некогаш ќе го собори. Последен пат Касаи освои поени на Светското првенство во 2019 година, кога го зазеде 19-то место на иконата Планица. Инаку, денеска во Сапоро триумфираше Австриецот Стефан Крафт, втор заврши Јапонецот Рјоју Кобајаши, додека трет беше Германецот Андреас Велингер.