Други спортови
Ѓоковиќ експресно преку Колшрајбер до второто коло на Вимблдон

На првиот натпреварувачки ден од 133-то издание на Вимблдон, настапи и бранителот на трофејот, воедно и прв фаворит, Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер релативно лесно во три сета го доби мечот против Германецот, Филип Колшрајбер,кому во првиот и третиот сет му препушти по три, а во вториот пет гема. Од фаворитите пласман во 2.коло досега обезбедија и 4-тиот Кенет Андерсон од Јужна Африка, 10-тиот Кхачанов од Русија, како и Швајцарецот, Стен Вавринка (22)