Connect with us

Тајмаут

Ѓоковиќ го прослави Божиќ во хотелот за бегалци

Новак Ѓоковиќ второ утро по ред се разбуди, овој пат на православниот Божиќ, во притвор во Мелбурн, каде ја помина втората ноќ откако му беше укината визата. Неговото семејство во Србија синоќа организираше протест за негова поддршка, пренесе АФП.

Неконтролирано гневен, таткото на тенисерот Срѓан Ѓоковиќ се обрати пред насобраните во Белград, осудувајќи ги „политичкиот лов на вештерки“ и „коронафашизмот“ и повика на ослободување на неговиот син.

Десет дена пред почетокот на Австралија опен (од 17 до 30 јануари), Ѓоковиќ ја помина втората ноќ во тесна соба во хотелот Парк во Мелбурн, каде австралиската влада ги сместува нелегално престојуваните луѓе.

Ѓоковиќ, кому му беше укината визата поради немање потребни документи за ослободување од задолжителната вакцинација, нема да биде депортиран пред понеделник, датумот на ново сослушување пред судијата во Мелбурн.

Зградата во која е сместен тенисерот број еден во светот има лоша репутација. Во него во декември избувна пожар. Нејзините жители се пожалија на социјалните мрежи, илустрирајќи ја ситуацијата со фотографии дека во храната пронашле црви и мувла, а во октомври 21 лице се заразило со КОВИД-19.

Реклама

Facebook

Реклама