Connect with us

Фудбал

Ѓоковиќ и понатаму има проблеми со лактот

Новак Ѓоковиќ во пресрет на Отвореното првенство на Србија изјави дека се уште има проблеми со лактот. Србинот продолжува напорно да се подготвува за Отвореното првенство на Франција по неговото предвремено излегување на Мастерсот во Монте Карло.

Џокера му падна на Лоренцо Музети уште во третото коло во Монако, видливо мачејќи се со неговиот воведен удар, кој беше дупнат осум пати.

„Мојот лакт не е во совршена форма, но е доволно добар за да бидам подготвен за првиот натпревар. Една од убавите работи во тенисот е тоа што секоја недела добивате нова можност да ја докажете својата вредност и да направите чекор напред. Свртив нова страница. Нормално, не бев задоволен од резултатот во Монте Карло. Но, откако слетав, се чувствувам добредојден во Бања Лука, многу позитивна енергија и позитивни емоции“, рече Ѓоковиќ, кој во Бања Лука од Босна и Херцеговина ќе се соочи со Лука Ван Аш, откако 18-годишниот Французин победи со 6- 1, 7-6(4) и 6-4 над трикратниот Грен слем шампион Стен Вавринка.

„Не знам многу за младиот француски играч. Мислев дека Вавринка ќе го добие натпреварот. Го видов Ван Аш како игра, но не долго, тој е вистински борец, брз, тешко да се победи. Никој не треба да се потценува“, додаде Ноле.