Други спортови
Ѓоковиќ повика навивач да слезе на теренот и да го замолчи: Дојди и кажи ми в лице (ВИДЕО)
Новак Ѓоковиќ денеска во второто коло на Австралија опен го елиминира Австралиецот Алексеј Попирин, откако го совлада со 3:1 во сетови. Најголем дел од навивачите на трибините на Род Лејвер Арена беа со локалниот играч Попирин, а Ѓоковиќ се судри со еден од нив во четвртиот сет.
Novak Djokovic to a heckler: come here and say it to my face!
The heckler instantly got silenced. 🔥pic.twitter.com/AEEuCgQGDs
— Danny 🐊 (@DjokovicFan_) January 17, 2024
Не е познато што навивачот му дофрлил на Ѓоковиќ, но српскиот тенисер бил испровоциран и решил да возврати кон трибините. Ѓоковиќ му покажуваше на навивачот да се спушти на теренот и му велеше да му каже во лице што дофрла од трибините, јасно го покани на пресметка и така очигледно го замолкна.