Други спортови
Ѓоковиќ пред одлука – сепак ќе се вакцинира?!
Новак Ѓоковиќ, светскиот број 1 во машкиот тенис, размислува за одлука која до неодамна изгледаше сосема неверојатно.
Според локалниот новинар Даниел Микша, кој е автор на книга за Србинот, Ѓоковиќ размислува да се вакцинира доколку не му биде дозволено да учествува на вториот Грен слем турнир Ролан Гарос годинава без доза.
„Она што го слушнав од член на неговото семејство е дека Новак сериозно размислува да се вакцинира за да учествува во Париз“, изјави Микша за локалната телевизија.
Се чини дека 34-годишниот тенисер е под влијание на 21-та титула на Рафаел Надал на слем турнирите (Ѓоковиќ и Федерер имаат по 20) по триумфот на Шпанецот на Австралија Опен и е решен да го стигне по секоја цена.
Овогодинешното издание на Ролан Гарос ќе се одржи од 22 мај до 5 јуни во француската престолнина Париз.